Катимерини: Последен обид на грчката Влада да обезбеди поддршка за Димас и да се спаси од избори

Од:

Пред критичното трето и последно гласање за избор на нов претседател на земјата, во понеделник, во грчкиот Парламент, владини претставници за време на празниците го сондираа мислењето на пратениците во обид да ги соберат неопходните гласови за кандидатот на владеачката коалиција Ставрос Димас и на тој начин да ја избегнат опасноста од предвремени парламентарни избори, пишува весникот „Катимерини“.

Премиерот Андонис Самарас и неговиот коалициски партнер, лидерот на ПАСОК, Евангелос Венизелос, стапија во контакт со независните пратеници, како и со народните претставници на партиите Демократска левица (ДИМАР) и Независни Грци во обид да ги обезбедат неопходните 180 гласа за изборот на Димас за нов претседател на Грција.

Целта и натаму е многу тешко остварлива, бидејќи околу половината од народните претставници на ДИМАР и се повеќе наклонети на опозициската левичарска партија СИРИЗА, а десноцентристичката партија Независни Грци е потресена од тврдењата на еден од нејзините пратеници – Павлос Хајкалис, дека  му бил понуден поткуп за да гласа за Димас.

За грчкиот обвинител овие тврдења се непоткрепени со докази.

Во Владата се уште се надеваат дека ќе можат да соберат дополнителни гласови за изборот на Ставрос Димас. На првите две гласања поранешниот грчки еврокомесар собра 160, односно 168 гласа од неопходните минимум 200. Во третиот круг, доколку сака да биде избран за претседател на земјата, на Димас ќе му бидат неопходни „само“ 180 гласа, а доколу тоа не се случи, ќе се свикаат предвремени парламентарни избори.

Премиерот Андонис Самарас се очекува во понеделник, пред гласањето, да има телевизиско обраќање до нацијата, во кое се очекува да ги потенцира ризиците од предвремени избори во ситуација кога земјата е во опасност за својата ликвидност, бидејќи државата располага со средства само до март ако не се постигне нов договор со кредиторите, пишува „Катимерини“.

Во грчката јавност се шпекулира дека пратениците на екстремно десната партија „Златна зора“ ќе ги сменат своите позиции и ќе ја поддржат кандидатурата на владината коалиција, но тоа Димас го деманира уште на самиот почеток, јасно порачувајќи дека нема да порифати да биде избран за претседател со гласовите на „Златна зора“, забележа весникот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит