Европската унија го смени својот пристап кон санкциите против Русија, на кои Кипар од секогаш се противел, изјави кипарскиот министер за надворешни работи, Јоанис Касулидис, во интервју за ТАСС.
– Кипар отсекогаш е многу внимателен за прашањето за примената на санкциите. Нас никогаш не ни се допаѓала оваа политика и тоа отворено го кажувавме. Сега е можно да ја платиме цената за неа, бидејќи како што знаете, Украина ни се заканува со откажување на актуелниот билатерален договор за одбегнување на двојното оданочување, вели кипарскиот министер.
Според Касулидис, резултатите од самитот на ЕУ покажуваат дека унијата го менува својот пристап кон таканаречените секторски санкции, кои им штетат не само на Русија, туку и на земјите членки на ЕУ.
Касулидис призна дека Кипар не сакал да остане изолиран во ЕУ, но го дал својот придонес во ограничувањето на санкциите кон Русија.
-Како пример можам да го посочам фактат дека по нашите упорни барања компаниите-ќерки на големите руски државни банки, што се активни во земјите од ЕУ, беа исклучени од спектарот на санкциите, истакна министерот.