Кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис денеска во интервју за националното радио изјави дека Кипар нема да се согласи со решенија, што може да доведат до изолација на Русија, јави ТАСС.
– Што се однесува до нови санкции на ЕУ против Русија, ние имаме добро познати „црвени линии“ и ако треба ќе ги повториме, нагласувајќи дека одлуките на ЕУ се носат на принципот на солидарност, изјави министерот.
Касулидис изјави дека прашањата поврзани со Русија се исклучително важни за Кипар и може суштински да влијаат на економијата, додавајќи дека Кипар нема да одобри решение што ќе значи изолација на Русија, како што е забрана за посети на Москва.
– Никој не може да ни го забрани тоа, изјави Касулидис, истакнувајќи дека Кипар дејствува на принципот доверлив партнер на ЕУ и пријател на Русија.
Кипарскиот министер изјави дека нема да учествува на денешната вонредна седница на министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ во Брисел, посветена на ситуацијата во Украина и евентуално воведување на нови санкции кон Русија.