ЕУ треба да се вклучи во напорите за решавање на кипарскиот проблем, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис.
Според него, од ЕУ не се очекува да дејствува како застапник за позициите на кипарските Грци, туку да даде мислење за различни предлози, кои двете страни ги ставаат на преговарачка маса.
Тој истакна дека договореното решение треба да е согласно европското законодавство и функцијата на ЕУ согласно Договорот од Лисабон.
Касулидис ја повика Турција и кипарските Турци да не отстапуваат од првичното право на ЕУ, кое според него на крајот би било на штета за самите кипарски Турци.
Шефот на кипарската дипломатија ја нагласи користа од постигнување решение за кипарското прашање, додавајќи дека Кипар претставува важен партнер за земјите од регионот.