Речиси една третина од децата во Грција живеат на прагот на сиромаштија, наведува меѓународната хуманитарна организација „Каритас“, соопшти електронското издание на грчкиот весник „Прото тема“.
Заради наметнатите строги рестриктивни мерки слична е ситуацијата и во другите држави, како Ирска, Португалија, Шпанија и Италија.
Во земјите од еврозоната, кои побараа меѓународна финансиска помош, се создава поколение на млади луѓе со низок морал и помалку перспективи за наоѓање работа. Во исто време продолжува да расте бројот на децата доведени во опасност од сиромаштија, соопштува организацијата.
Според „Каритас“ тоа може да доведе „не само до едно изгубено поколение во Европа, туку до многу изгубени поколенија“.
Зголемувањето на опасноста од сиромашни деца во конкретните пет европски држави се совпада со почетокот на должничката криза во 2008 година. Потоа секоја година се регистрираше зголемување на процентот.
Од „Каритас“ сметаат дека појавата се должи на намалените трошоци за семејна помош, намалување на висната на отштетата за невработеност, зголемување на ДДВ-то и на акцизата за горивата.