Карамарко: Хрватска е под закана од „грчко сценарио“

Од:

Лидерот на најголемата хрватска опозициска партија Хрватска демократска заедница, Томислав Карамарко, предупреди дека Хрватска е под закана од „грчко сценарио“, доколку продолжат да ја раководат „лажливи левичари и лажливи социјалдемократи“, пренесе Танјуг.

Карамарко изјави дека во моментов ситуацијата во Хрватска е „се друго, само не и добра“.

Тој ја обвини владеачката коалиција, предводена од социјалдемократите, дека за модел на управување ја зела грчката левица, која „многу зборуваше, но на крајот се согласи на сите услови на Европската унија“.

Политиката на хрватска Владата Карамарко ја оцени како политика на „кабинетска левица“, која не ги разбира проблемите на хрватскиот народ.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка