Поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ изјави дека било грешка тоа што ја запрел босанската српска војска да постигне уште повеќе успеси на бојното поле, јавија босанските и српските медиуми, цитирајќи го првото интервјуто на Караџиќ за германскиот весник „Цајт“, откако е осуден на 40 годишна затворска казна.
Караџиќ објасни дека во затворот играат тенис и фудбал, постојано се забавуваат, а тој свири на флејта.
Тој исто така нагласи дека „не му се случува да биде тажен“ и дека „хуморот за него е најдобриот метод да ја прогони вознемиреноста“.
Претходно оваа година, Караџиќ (71) беше осуден на 40-годишна затворска казна, откако беше прогласен за виновен за геноцид и за уште девет точки од обвинението, кое содржеше 11 точки – за геноцид во Сребреница, злосторства врз човештвото и за воени злосторства, извршени за време на војната во 90-тите години.
Караџич беше прогласен за невин само по обвинението за геноцид во седум босански општини, Братунац, Приедор, Власеница, Зворник, Сански мост, Фоча и Кључ.