Караџаферис пред обвинител поради лажна изјава за имот

Од:

Парламентарниот Комитет за ревизија на партиите и финансиите на пратениците во Грција едногласно одлучи лидерот на популистичката екстремно десничарска партија Лаос, Јоргос Караџаферис, да биде изведен пред надлежен обвинител поради лажна изјава за имот и нелегално учество во оф-шор компанија.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Комитетот исто така побара понатамошна истрага со цел да се конфискува сума од 1,65 милиони евра, која завршила на сметката на „Каталина ЛТД“, оф-шор компанија на Караџаферис. Се претпоставува дека лидерот на Лаос ги добил овие пари како мито во врска со купување на хеликоптери „Супер Пума“.

Во меѓувреме, портпаролот на партијата Независни Грци, Марина Хрисовелони пред Комитетот за ревизија изјави дека Караџаферис, исто така, поседува една третина од оф-шор компанијата „Дек Рок Лимитед“.

Комитетот исто така, одлучи подетално да се проверат и поранешните пратеници Аристидес Циплакос од Нова демократија и Телемахус Цитирис од Пасок за недоследности во нивните изјави за имот.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит