Капитал: За Црна Гора „мал Шенген“ е оддалечување од европскиот пат

Од:

Црна Гора не е заинтересирана за „мал Шенген“, единствен економски простор во кој меѓу земјите од Западен Балкан би се одвивал непречен проток на луѓе и стока без задржување на границите, објави босанскиот портал Капитал.

Порталот наведува дека оваа идеја со години ја заговара српскиот претседател Александар Вучиќ, кој заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама минатиот месец во Нови Сад потпиша иницијатива за воспоставување таква зона, а повикани се и други држави од регионот да се придружат.

Освен Црна Гора, која јасно порача дека не е заинтересирана, Албанија своето учество го услови со учеството на Косово, за која бара да биде дел од регионалната соработка, а поради што Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) изгуби на значење, оценува порталот.

Капитал посочува дека Црногорците својот официјален став го претставиле на институциите на Босна и Херцеговина, односно на амбасадата на БиХ во таа земја. Во документот Црна Гора наведува дека е задоволна од сегашното ниво на регионална соработка што на државите од опкружувањето им овозможува напредување во европските интеграции и оти оваа иницијатива треба да се разгледува со доза на внимание бидејќи не нуди конкретен придонес за унапредување на регионалните односи.

„Последици од иницијативата може да биде фрагментација во рамки на самиот Западен Балкан, а нејзината потенцијална злоупотреба може да се искористи за дневнополитички цели во одделни држави од регионот и оддалечување на овие земји од европскиот пат“, оцени црногорската власт во официјалниот документ во кој порталот имал увид.

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ, кој е најголем заговорник за пристапување на БиХ кон Иницијативата, за босанскиот портал открива дека се обидел да го убеди и црногорскиот амбасадор во Сараево.

– Она што тој го слушнба од мене, за него беше многу прифатливо, а тоа е дека практично се работи за реформа на ЦЕФТА договорот, вели Шаровиќ, кој оцени дека тој договор во последно време покажал бројни недостатоци, посебно во споровите поради бројните бариери кои од ден во ден се трупаат. Тој оцени дека ЦЕФТА договорот е потребно да се реформира и надгради, согласно искуствата од изминатиот период.

Капитал оценува дека иако идејата на заеднички економски простор е само во зародиш, јасно е дека ќе биде многу тешко да се реализира во целосен обем, дополнувајќи дека Црна Гора има многу неповолна надворешнотрговска размена со соседните земји, поради што и не им е во интерес дополнително отворање на границите преку „мал Шенген“.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала