Некогаш најопремениот југословенски воен аеродром на Јосип Броз Тито, „Жељава“ сместен во планината Пљешавица во близина на Бихаќ, целосно пропадна.
Инженерот за радарски систем и потполковник во авијација на авио служба, Иван Прша наведе дека во 1968 кога официјално бил отворен аеродромот изгледал импозантно.
-Тоа беше најдобриот воен аеродром по инфраструктура во цела Југославија. Внатре беше сместена една авијациска бригада со 60 авиони и повеќе од 3.000 луѓе, од кои околу 500 офицери, 900 подофицери и 2.000 војници. Совршено штитеше од изненадувачки удари-истакна Прша.
Тој додаде дека аеродромот во тоа време бил најстрого чуван воен објект во поранешната држава.
Тогашната војска на Југославија на 17-ти мај 1992 година го минирала аеродромот со 56 тони експлозив и со тоа го уништила. Но, со тек на времето и негрижата, објектот и во внатрешноста целосно е уништен.
Премиерот на Унско-санскиот кантон, Хамдиј Липовац во 2011 година ја најави можноста на оваа локација да се направи современ карго аеродром.
Е. Г.