Како Европа ја „смачка“ Грција?

Од:

Интернешенел Њујорк тајмс – Њујорк

Од почетокот на грчката финансиска криза во 2010 година, беа сменети двајца премиери откако беа принудени да го прифатат неспроведливиот пакет економски мерки во замена за програма за спас од таканаречената тројка – Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд ММФ. Ме боли кога гледам како истата судбина го дочека и третиот премиер, мојот пријател и другар Алексис Ципрас.

Во јули, кога Ципрас беше принуден да капитулира пред последната „програма“ на тројката, тоа навести крај на нашата влада. Тоа исто така предизвика расцеп во нашата партија Сириза, меѓу оние кои макар и против својата желба се согласија да ја прифатат програмата и останатите од нас (околу 40 парламентарци од Сириза од вкупно 149) кои не се согласивме. Парламентарните избори закажани за 20 септември, се резултат на таа криза.

Што се однесува до мене, откако поднесов оставка како министер за финансии заради безмилосното понижувачко бреме наложено од тројката, планирам да ги пропуштам овие избори. Нема да се борам за место во парламентот на едни тажни избори кои нема да создадат парламент способен да поддржи реалистичен план за реформирање на Грција.

Ниту пак можам да поддржам прифаќање на програмата на торјката за која секој знае дека е осудена на несупех. Имаше јасен консензус споделен не само од мене и Ципрас, туку и од германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, и од официјални претставници на ММФ, дека новиот договор за спас не е одржлив.

Исто така нема да се приклучам ниту кон оние кои сметаат дека излегувањето од еврозоната и враќањето кон една многу обезвреднета драхма само по себе си е програма за одржливост на Грција.

Причините за овие продолжени проблеми за Грција се кријат во егзистенцијалната криза во еврозоната. Иницијаторите на единствената валута, од кои Шојбле е последниот активен член, не реѓија дали еврото треба да го користи моделот на меѓународен златен стандард или на суверена валута, како доларот, на пример.

Златниот стандард се базираше на стриктни правила кои се неприменливи за време на криза. При тежок пад, тие го фрлаат најтешкото бреме врз најсериозно засегнатите економии, и на тој начин излегувањето станува единствената алтернатива на хуманитарна криза. Тоа е причината заради која претседателот Френклин Рузвелт ги извади САД од златниот стандард во 1933 година, го рашири паричното снабдување, и помогна за излегување на Америка од депресијата.

Суверената валута или државната парична единица бара друг многу потежок збир на одоговори базирани на политички сојуз, како што тоа недоамна го предложија француската влада и некои други. Големите прашања на кои Европа треба да одговори се: какв вид политички сојуз сакаме? И подготвени ли сме да дејствуваме доволно брзо за да спречиме растурање на еврозоната?

Нерешителноста на Европа е резултат од длабоките разидувања помеѓу Берлин и Париз. Берлин традиционално ја подржува заснованата на правила еврозона, во која секоја земја членка е одговорна за сопствените фииансии, вклучително и за спасување на банки, додека политичкиот сојуз се ограничува на правото на вето на фискалниот „господар“ врз националните буџети кои ги нарушуваат правилата. На Париз и Рим им е јасно дека состојбата на нивниот дефицит би ги осудило на тлеечка рецесија при таков базиран на правила политички сојуз, па затоа ги гледаат нештата на поинаков начин.

Во контекст на таа безизлезност, Шојбле навести дека прифаќањето на алтернативен план за одржување на Грција, наместо програмата на тројката, би ја ослабело раката на Германија во однос на таа на Франција. Така малата Грција беше смачкана додека слоновите се бореа.

Ние имавме таков план. Во март ја прифатив задачата за составување на алтернативна програма за одржување на Грција со совети од економистот Џефри Сакс, во соработка со редица експерти, вклучувајќи ги и поранешниот американски министер за финансии, Лари Самерс, и поранешниот британски министер за финансии, Норман Ламонт.

Нашите предлози започнаа со стратегијата за долгова размена (свап), со намалување на тежината на државниот долг врз фииансиите во земјата. Мерката ќе овозможеше постигнување на стабилен буџетски вишок (без вклучвање на каматите од долгот) од 2018 година натаму. Како цел за тие вишоци поставивме над два проценти од БДП (целта во програмата на тројката е 3,5 проценти). Со помалку притисок врз владата да притисне врз економијата преку кратења на државните расходи, грчката економија ќе можеше да привлече инвеститори на продуктивен капитал.

Освен тоа што ќе беше можно, долговите размени исто ќе го направена грчкиот државен долг поднослив за учество во програмата на ЕЦБ за количински потстрижувања. Од својата страна, тоа ќе озвоможеше да се забрза враќањето на Грција на финансиските пазари, и да се намали нејзината зависност од заемите од европските институции.

За да се генерираат внатрешни инвестиции, ние продложивме развој на банка која ќе ги преземе државните долгови, да ги колатеризира и да создаде проток на приходи за инвестиции. Ние исто така планиравме да создадеме „лоша банка“, која би ги искористила финансиските инженерски техники за да бидат исчистени грчките трговски банки од купиштата лоши заеми. Серија од реформи, вклучувајќи и нова независна даночна служба, слична на американската, исто така беше дел од нашите предлози.

Докуменотот беше готов на 11 мај. Иако им го претставив на клучни европски министри за финансии, меѓу нив и на Шојбле, како офицојален план на грчкото министерство за финансии, тој никогаш не ја доби поддршката на нашиот сопствен премиер. Причината? Затоа што тројката му даде на Ципрас јасно на знаење да разбере дека секој сличен документ ќе биде примен како непријателски обид за одбегнување на условите на постоечката програма на тројката. Таа програма, се разбира, не предвидуваше преструктуирање на долгот, и затоа бараше многу големи буџетски издатоци.

Фактот дека малку луѓе воопшто и чуле за грчкиот план, е доказ за сериозните неуспеси на управувањето во Европа. Ако „Атинската пролет“, кога грчките гласачи смело ги отфрлија катастрофалните услови за економијата од претходните договори за спас, е некаква лекција, тогаш тоа е дека Грција ќе застане на свои нозе само кога ЕУ ќе изврши преод од „Ние, државите“ кон „Ние, европскиот народ“.

На луѓето од целиот континент им е преку глава од еден паричен сојуз кој е неефикасен, затоа што е длабоко недемократски. Ете зошто битката за спас на Грција сега се префрла во битка за смисолта, духот, разумот и демократијата на Европа. Планирам да се концентрирам на создавањето на паневропско политичко движење инспирирано од атинската пролет, кое ќе работи во насока на демократизацијата на Европа.

Нормално, ќе треба години пред тоа да даде плодови, години кои Грција не може да си ги дозволи. Во меѓувреме, ќе продолжам да го промовирам нашиот план за одржување на Грција како вистинска, одржлива алтернатива на невозможната програма на тројката.

Јанис Варуфакис е поранешен министер за финансии на Грција, член е на сегашниот парламент од партијата Сириза, и професор по економија на Атинскиот универзитет. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит