Како да се преживее со 10 отсто пониски пензии

Од:

Проценките покажуваат дека со најавеното намалување на пензионерските чекови линеарно може годишно да се заштедат околу половина милијарда евра.

Душан Вујовиќ, в.д. министер за финансии остана недоречен во својата изјава дека пензиите и платите од есен можат да бидат помали за 10 отсто. Тој не објасни дали ова намалување ќе биде линеарно за сите вработени во јавниот сектор и пензионерите или барем тие најзагрозените, околу 148.000 пензионери со пензии помали од 13.288 динари, сепак ќе бидат поштедени.

Од една страна тоа може да значи дека министерот ни самиот се уште не е на чисто што ќе се случи, па се остава за 11 август, кога како што потврди, треба да бидат познати сите параметри за ребаланс на буџетот.

До тогаш како што вели за нашиот весник, Милан Ненадиќ претседател на Сојузот на пензионери на Војводина, на пензионерите не преостанува ништо друго, туку да веруваат во најавите на премиерот Вучиќ дека е ова последна мерка и дека се ќе направи ова сценарио да може да се прескокне.

Како и да е, на пензионерите не им се пишува добро. Учеството на нивните пензии веќе сега е на околу 55 отсто во просечните плати, а во земјоделието на околу 23 проценти. Тие веќе многу тешко живеат, па Ненадиќ прашува, од што владата мисли да им ги одземе и тие 10 отсто.

– Посегнувањето за толку драстични мерки е последица на лошото водење на финансиите во претходните влади и сите експерти кои се донесоа од белиот свет, а кои пензионерите ги доведоа до питачки стап. Србија богата со природни ресурси наместо да има развиено стопанство, зема од најсиромашните за да ги пополни дупките во буџетот, вели тој и додава дека тие кои донеле вакви мерки сосема сигурно не знаат што значи да се живее со 13.000 или 15.000 динари, бидејќи инаку вакво нешто не би можеле да предложат – истакна Ненадиќ.

Прашан дали смета дека владата на овој начин всушност се согласила да ги спроведе барањата на ММФ уште од лани, учеството на пензиите во просечната заработка да се сведе на околу 43 отсто, Ненадиќ вели дека не мисли дека е тоа во прашање, туку дека нема пари.

– Ако оваа мерка до крај се прифати, речиси 90 отсто пензионери, кои примаат просечна пензија од околу 26.327 динари ќе бидат уште посиромашни, што ќе се одрази и на пад на побарувачката. Прашање е колку пензионери, кои се најредовни плаќачи на сите комунални услуги и струја, во иднина ќе можат да ги подмируваат своите обврски на време, што секако ќе се одрази на полнењето на буџетот и дали владата со вакви мерки повеќе ќе добие или ќе изгуби, вели тој.

Тој вели дека не му е јасно ни како владата мисли да го зајакне српското стопанство ако референтните каматни стапки во банките и понатаму се енормно високи, 8 и 9 отсто и зошто тука нешто не се направи да се помогне на стопанството.

Мома Чолаковиќ, пратеник на ПУПС во Собранието на Србија, не можеше да каже дали намалувањето на пензиите, ако се случи, ќе биде линеарно или некои категории на пензионери сепак ќе бидат поштедени од тоа.

– Не сме против реформските мерки, но следните денови ќе разговараме за сите можни заштеди, намалување на сивата економија, плаќање на даноците, да се види што ќе донесе новиот закон за стечај и приватизациите, колку ќе биде тука вкупната заштеда, па дури потоа да се одлучи дали пензиите и платите треба да се намалат. И премиерот рече дека тоа е последна мерка – вели тој.

Ако сепак дојде до намалување, ПУПС ќе се обиде да ги заштити најсиромашните, т.е. тие со најниски пензии до 13.288 динари. Меѓутоа, многу економисти тврдат дека не може да има поштедени, а ако се смета на заштеда тоа мора да биде линеарно за сите пензионери и вработени во јавниот сектор.

Пресметките покажуваат дека намалувањето на пензиите за 10 отсто би донело заштеда на буџетот од околу половина милијарда евра годишно. За пензиите во буџетот се издвоени 256 милијарди динари, т.е. 2,2 милијарди евра.

Со оглед на тоа дека касата на Фондот на ПИО се полни со пола од уплатата на придонесите, а другата половина се дотирани пари од буџетот, тоа практично значи дека буџетските издвојувања за пензиите би се намалие за 20 отсто, што е заштеда од околу 446 милиони евра. Да се усвоеше предлогот на поранешниот министер за финансии Лазар Крстиќ, кој предлагаше намалување на пензиите за околу 20 отсто, тоа ќе го намалеше дефицитот во буџетот за околу 892 милиони евра годишно, додека трошоците за платите би биле помали за 354 милиони евра. Инаку, според податоците на ПИО фондот за исплата на мајските пензии требаше да се обезбедат 37,8 милијарди динари, од кои 24,2 милијарди за исплата на старосните пензии, седум милијарди за инвалидските и 6,4 за семејните пензии. Многу пари за одамна попупразниот буџет на Фондот.

Реформите повторно преку грбот на пензионерите

По повод најавите на премиерот со меко срце, дека од септември 2014 година пензиите ќе се намалат за 10 отсто, иако пораките на пензионерите од предизборните митинзи во Пинки беа сосема поинакви, Здружението на синдикати на пензионери на Србија најенергично протестира што т.н. реформи се ставаат на грбот на најсиромашните слоеви на граѓаните на Србија, кои српските влади повеќе од 20 години ги крадат како ќе стигнат.

Сите економски и финансиски експерти во досегашните влади дојдоа од бел свет со дигитрони да ја спасуваат Србија, а и на врапчињата им е јасно дека нивните ментори Светска банка и ММФ не се загрижени за граѓаните на Србија, бидејќи ако тоа беше поинаку, тие експерти би размислувале како да ја зголемат приходната страна на буџетот, како да извршат реиндустријализација и како да се зголеми вработеноста во производството, бидејќи тоа е единствен критериум за вистинско зајакнување.

Предлагачите на овие мерки заборавија на фактот дека во декември 2013 година веќе се донесе закон со кој пензиите се ограничени, посебно замрзнати до 2017 година и дека прашањето за пензиите е лично и стекнато право, со чие намалување се крши Уставот на Србија. Не се виновни пензионерите што државата со Пензискиот фонд работеше што сакаше, а работи и денес со промена на структурите на членовите на Управниот одбор на ПИО фондот, што во Фондот не е вложувано 10 отсто од приватизациите како што налагаше законот, што прашањето за пензиите никогаш системски не е решено, ниту се виновни што приходите во буџетот се се помали. Најмалку се виновни што државата ја уништи Службата за платен промет и дозволи на многу несовесни работодавци да не уплаќаат придонеси, даноци, но ни плати за работниците, се наведува во соопштението на ова здружение.

Политика – Белград

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ