Српскиот весник Блиц со препорака до српските туристи кои патуваат на одмор во Грција преку Македонија:
Кога ќе стигнете до границата до Македонија подгответе ги пасошот, меѓународната возачка дозвола, сообраќајната дозвола и зелениот картон за Македонија.
Меѓународната дозвола во летната сезона речиси и да не ја бараат но по прописи е задолжителна.
Задржувањето на границата меѓу Србија и Македонија е околу 30 минути, со тоа што при влез во Македонија без проблем можете да застанете во колоната назначена за државјани на ЕУ и да избегнете нешто подолго чекање.
Препорачуваме веднаш по влегувањето во Македонија да застанете на првата бензинска станица и да замените 10 евра во македонски денари, колку што ви се потребни за патарина во двата правца. Тоа ве советуваме затоа што на наплатната рампа примаат само книжни пари во евра, а кусур враќаат исклучиво во домашна валута. Можно е да користите картичка, но често не им работат апаратите.
Горивото во Македонија е значително поевтино во однос на Србија, особено за оние кои возат на ТНГ (плин).
Патот низ Македонија е одличен, но апелираме на возачите да обрнат внимание на преминување на ограничената брзина. Еден дел од патот е магистрален (ограничувањето е од 50 до 90 километри на час) и наликува на автопат, па возачите додаваат гас, а радарските контроли се чести. Забележавме, пишува Блиц во препораката до српските туристи, дека македонската полиција веднаш ги сопира возачите од Србија, а казните се до 300 евра. Дополнителен проблем е тоа што пасошот го оставате на сообраќајната полиција, се додека не ја платите казната во најблиската пошта или во банка. На границата со Македонија и Грција се чека околу половина час. Особено треба да обрнете внимание на преминот Евзони каде што Грците безобрасно ги заобиколуваат колоните возила што може да биде и опасно кога патниците излегуваат од автомобил да ги протегнат нозете.