Кај Идомени чекаат околу 2.000 бегалци

Од:

Во тампон зоната на границата меѓу Грција и Македонија во Идомени има застој во протокот на бегалци, по одлуката на Македонија да не дозволи влез на авганистански државјани и да воведе построги услови за влез на Сиријците и Ирачаните, кои имаат валидни документи за пристап во земјата, јави грчката државна агенција АНА-МПА.

Според најновите податоци на грчката полиција, повеќе од 2.000 бегалци во моментов чекаат во кампот во Идомени, додека 62 автобуси со околу 3.000 лица се паркирани во близина на една бензинска станица на 20 километри од границата и чекаат сигнал од полицијата да го продолжат своето патување.

– Очекувавме дека во одреден момент Македонија нема да дозволи влез на Авганистанците, но верувавме дека ќе има предупредување, изјавил за агенцијата Антонис Ригас, претставник на „Лекари без граници“ во Идомени.

Ирачаните и сириските државјани кои чекаат да ја преминат границата и да влезат во Македонија за да го продолжат нивното патување до Западна Европа мораат, покрај официјален документ, да имаат и пасош или лична карта.

Голем број бегалци ги загубиле своите пасоши или личните карти во нивното долго патување до грчкиот брег и во согласност со новите правила не им е дозволено да ја преминат границата, јавува АНА-МПА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Живеат над 90 години и не знаат за деменција – жителите на грчки остров пијат чај секој ден

А1он

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини