Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин оцени денеска во врска со изјавите на српскиот претседател, Томислав Николиќ дадени во Бања Лука, дека Србија се однесува како зрела земја свртена кон иднината.
По пораките на Николиќ дека ја „почитува Босна и Херцеговина и нејзиното уставно уредување“, дека „БиХ е членка на ОН, а Сараево нејзин главен град“, Кацин за агенцијата Анадолија изјави дека е реално да се очекува јасна и разбирлива порака од целото опкружување на БиХ.
– Србија се соочува со големи, пред се, економски предизвици. 2013 година е полна со такви големи предизвици. Тоа е една работа. Од друга страна, на власт е коалицијата која добро се снајде и која добро знае дека мора да биде фактор на стабилност во регионот, ако сака да напредување во дијалогот и соработката со сите соседи, односно ако сака да го увери Брисел дека во целост е посветена на добрососедските односи и иднината, рече беше Кацин.
– Токму поради тоа има се помалку и помалку неусогласени, односно дисонантни пораки од Белград, додаде Кацин.
– Тоа сега е вистинска реткост. Сите се посветени на клучни теми. Во политичка смисла, тоа се борба против организираниот криминал и корупцијата, на една страна и дијалогот со Приштина на друга страна, нагласи Кацин.