Кацин: Србија е поважно да добие датум за преговори отколку нови избори

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин изјави дека за Србија се поважни шансите за неколку месеци да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, отколку гласините за нови избори, јави Танјуг.

– Шансите Србија за неколку месеци да успее да добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, се поважни од се друго што во моментот ја оптоварува српската политичка сцена, вклучувајќи ги гласините за вонредни избори, вели Кацин.

Кацин оцени дека евентуалните шпекулации за вонредни избори, во овој момент, според него, се нереални.

– Мислам дека српската Влада во овој момент во целост е посветена на исполнувањето услови за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Сметам дека Србија ќе ја искористи историската шанса да се избори за тој датум. Затоа би рекол дека сите други приказни кои во овој момент ја опретеруваат српската политичка сцена, се помалку важни од тоа, оцени известувачот на ЕП за Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски