Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин ја поздрави одлуката на Европскиот совет да ги отвори преговорите за членство со Србија, истакнувајќи дека ова е историски ден за државата.
-Денешната одлука на Советот претставува историски ден за Србија, која направи одлучувачки напредок кон Европа и воспостави модерна, отворена и развиена Србија-истакна тој.
Кацин додаде дека заклучоците на Советот се најдобро признание на владата на Србија за постигнатите резултати, не само во врска со прашањата за нормализација на односите со Приштина, туку и на други полиња, како што е борбата против корупцијата и слично.
-Владата на Србија се избори за датум за почетокот на преговорите за членство во најкраток рок-истакна тој.
Елена Георгиевска