Кацин: Датумот за преговори на Србија и е на дофат на рака

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин во Брисел изјави дека Србија има значаен напредок во евроинтеграциите и дека датумот за почување преговори и е на „дофат на раката“.

Кацин на пратениците на надворешнополитичкиот комитет на ЕП им го претстави извештајот за Србија, за кој рече дека „најпозитивниот досега“, а кој парламентот ќе го усвои во вид на резолуција.

„Србија никогаш не била поблиску до добивање датум за почеток на преговорите за придружување“, оцени известувачот и нагласи дека тој чекор е на „дофат на раката“.

Кацин како најпозитивно достигнување за Србија го наведе продолжувањето на дијалогот со Косово, но и борбата со корупцијата и организираниот криминал.

Критики се упатени за забраната за одржување на геј парадата во Белград, а се осврна и на ослободувачките пресуди за хрватските генерали и за Рамуш Харадинај за кои кажа дека се контраверзни.

„Најдобар интерес на Србија е и покрај хашката пречка да продолжи со надминувањето на проблемите  и нормализацијата на односите во Западен Балкан“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ