Kабинет на Кривокапиќ: Поврзувањето на регионот платформа за соработка

Од:

Поврзување на регионот е создавање нова платформа за соработка што ќе го зајакне Западен Балкан, договорија денеска во Софија учесниците на состанокот на премиерите на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, соопшти кабинетот на црногорскиот премиер во заминување Здравко Кривокапиќ.

Учесниците разговараа за импликациите на украинската криза и нејзиното прелевање на Западен Балкан преку кризата со храна и енергетската криза, како и за поврзување на регионот преку изградба на нова стратешка транспортна инфраструктура.

Кривокапиќ во своето обраќање рече дека „кризата на уништување во Украина не потсети на сето она низ кое сме поминале неколкупати во нашата историја“.

„Се што се случува е криза на демократијата во целиот свет, а оваа криза најмногу не погодува во однос на основните прехранбени производи“.

Споре днего, Црна Гора има голем потенцијал за развој на стратешки инфраструктурни проекти, прецизирајќи дека пристаништето Бар може да биде наменето за транспорт на течен гас, што може да биде потенцијал за натамошно поврзување во регионот.

Тој зборуваше и за лажни вести и предложи создавање на силен, заеднички центар што ќе се занимава со обработка и испитување на лажни информации врз основа на вештачка интелигенција. Според соопштението на црногорската влада, бугарскиот премиер Петков ја оквалификувал кризата во Украина како без преседан.

„Оваа криза создаде енергетска криза, како и криза со храна. Тоа е и можност за земјите од Западен Балкан да се обединат за доброто на своите народи и да дејствуваат координирано“, нагласил Петков.

Тој посочи дека синџирите за снабдување со храна се променети и дека регионот треба да има единствена и брза реакција и стратегија.

Се наведува и дека во разговорот со премиерот на Бугарија е договорено продолжување на соработката во насока на обезбедување основни прехранбени производи и трговска размена на земјоделски производи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа