Јужниот дел на Албанија под вода

Од:

Излеани реки, поплавени куќи и земјоделски површини, евакуирани цели семјества.

Ова е сликата за јужниот дел на Албанија, каде поради обилните и интензивни врнежи од дожд под вода е речиси целиот јужен дел. Шемси Пренчи, шеф на Кризниот штаб потврди дека состојбата е навистина критична, јави дописникот на МИА од Тирана.

– Од коритото се излеани  реките Вјоса, Дрино, Осум и Ѓаница, и поплавија цели подрачја во Валона, Ѓирокастро, Тепелена, Пермет и Фиер. Во општина Новосело и Берат  евакуирани се стотина семејства, а ќе бидат евакуирани уште толку со полициски хеликоптери, објави онлајн изданието на весникот „Шекули“.

Поплавени се над 500 хектари земјоделски површини и неколку стотина куќи, има непроодни локални патни правци, големи подрачја се без електрична енергија од синоќа.

Поради снегот пак проблеми има во одвивањето на патниот особраќај на национланиот пат Корча-Ќаф Ќар-Воскопока-Дард, како и на граничните премини Горица и Ќафасан,  на албанско-македонската граница. Проблеми снегот содададе и во подрачјето на Голо Брдо.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата