„Јужен потoк“ иницира ново гласање доверба на бугарската Влада

Од:

Бугарската социјалистичка Влада во следната недела ќе се соочи со ново гласање доверба, четврто во последните седум месеци, што поради проектот „Јужен поток“ денеска ја побара опозицијата во пресрет на изборите за Европскиот парламент, закажани за крајот на мај.

Главната опозициска партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов, побара гласање доверба, обвинувајќи ја Владата дека не ги почнала на време градежните работи на проектот „Јужен поток“.

Изградбата на 2.400 километри долгиот гасовод, со кој рускиот гас ќе се транспортира до Европа со заобиколување на Украина, е доведена во опасност откако кон средината на март Русија го анектирше Крим.

Бугарија, која речиси во целост е зависна од рускиот гас, ќе има голема полза од „Јужен поток“.

– Денеска го предадовме барањето за гласање доверба на Владата поради ситуацијата во енергетскиот сектор, а главно поради неуспехот во реализацијата на проектот „Јужен поток“. Тие во изминатата година десетпати кажа дека ја почнува изградбата на нашиот крак од гасоводот. Прво изградбата требаше да биде почната во јануари, па во февруари, па во март. Сега го споменуваат јуни. Зошто?, запраша Борисов.

Извршниот директор на конзорциумот „Јужен поток – Бугарија“, Игор Елкин, минатиот месец изјави дека проектот ќе биде реализиран според планот и дека изградбата ќе почне во јуни.

Бугарскиот Парламент допрва треба да соопшти кога ќе се оддржи гласањето за доверба на Владата, но до тоа мора да дојде во рок од една недела од поднесувањето на барањето.

Се очекува Владата и овој пат да го преживее гласањето доверба.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме