Албанскиот премиер Еди Рама е познат како голем љубител на спортот, особено на фудбалот. Тој е голем фан на италијанскиот гигант Јувентус и во секоја можна прилика е на трибините да го бодри тимот.
Рама и неговата Социјалистичка партија победија на парламентарните избори во Албанија, добивајќи доверба од граѓаните за трет мандат.
Ja edhe urimi nga Juvja për Mandatin e Tretë?
#GrazieJuve⚪️⚫️
*ju interistat silluni mirë se jeni kampionë tani, merrni shembull nga unë, kini respekt për të mundurit?
Posted by Edi Rama on Sunday, 9 May 2021
Италијанскиот фудбалски клуб честитајќи му ја победата на Рама му испрати дрес со бројот три, во чест на добиениот трет мандат.
За добиениот подарок од Јувентус, Рама се пофали на Фејсбук.
-Еве честитка и од Јуве за третиот мандат.„Grazie Juve“ напиша Рама.