„Јутарњи лист“: Со закон оневозможено дејствувањето во случај на тероризам

Од:

Поради непостоење посебен закон со кој ќе се уреди командниот систем во случај на терористички напади, хрватскиот Закон за одбрана оневозможува дејствување на Военото воздухопловство и Воената морнарица дури во случаи на терористички и воени напад кои би го повредиле суверенитетот на Хрватска, објави „Јутарњи лист“.

Весникот наведува дека за таквата „апсурдна ситуација“ виновни се Министерството за одбрана, Владата и Парламентот, бидејќи го одобриле Законот за одбрана, според кој е оневозможено дејствувањето на воените авиони и бродови.

„Јутарњи лист“ посочува дека со таквата формулација Владата и Саборот ги оневозможуваат Вооружените сили да го бранат суверенитето на земјата дури и во случај на воен напад.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка