Јури Ким: САД, ЕУ и Албанија со заедничка поддршка за Украина

Од:

Агресијата на Русија врз Украина и моментната соостојба таму биле во фокусот на средбата што американската амбасадорка Јури Ким ја остварила со албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка, амбасадорот во ЕУ, Луиџи Сореца и со украинскиот амбасадор Володимир Шкуров, јави дописничката на МИА од Тирана.

На средбата тие изразиле заедничка поддршка посочувајќи дека „САД, ЕУ и Албанија се на страната на Украина“.

– Заедно со Олта Џачка и Луиџи Сореца ја изразивме нашата солидарност и поддршка на амбасадорот на Украина, Володимир Шкуров за неговата земја. САД, ЕУ и Албанија и другите земји ширум светот стојат заедно и решително бараат Русија да ја прекине нејзината однапред смислена, неиспровоцирана и неоправдана инвазија на Украина, напиша Ким во објава на социјалните мрежи.

Таа посочува дека САД ќе продолжат да работат со сите партнери и сојузници во поддршката на Украина во нејзината самоодбрана.

– САД ќе продолжат да работат со сојузниците на ЕУ и Албанија и другите партнери за поддршка на Украина во самоодбраната. Ние, исто така, ќе продолжиме да преземаме конкретни мерки, вклучително и санкции без преседан, за руската влада и официјални лица одговорни за нивните постапки, посочува амбасадорката Ким.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На Украина и требаат десет системи Патриот

А1он

Ракетен напад на Днепар, бројот на ранети се зголемува

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува