Јункер со препорака до Грците за кого да гласаат

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ги предупреди Грците на големи проблеми ако на предвремените парламентарни избори гласаат „погрешно“ и ако победат радикалите.

Тој нагласува дека не се меша во грчкиот политички процес и дека е уверен оти грчките гласачи ќе согледаат ризици од изборот, за кои анкетите покажуваат дека може на власт да дојде левичарската Сириза.

– Верувам дека на Грците на кои не им е лесно, посебно на големиот број сиромашни, добро знаат што ќе донесе погрешен резултат на изборите за Грција и за еврозоната, вели претседателот на ЕК.

Тој додава дека не сака да го кажува своето мислење туку само наведува дека екстремистичките сили не би требало да преземат контрола.

– Сакам со Грција да управуваат луѓе кои го разбираат малите луѓе во Грција кои ги има многу, и кои ги разбираат европските процеси, нагласи тој.

Грчкиот премиер Андонис Самарас изјави вчера дека Грција е во опасност да се врати во катастрофалната финансиска криза ако гласањето за претседател на државата во парламентот на 17 декември не биде успешно.

Според грчките закони, шеф на државата бира Парламентот. Во сллучај претседател да не биде избран во три гласања, се распишуваат предвремени парламенатарни избори.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит