Јункер: Решение за Кипар во следните шест месеци

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска изрази цврсто уверување дека преговарачите ќе постигнат конечен договор за обединување на Кипар во следните шест месеци.

– Се надевам дека тоа ќе се случи, бидејќи многу ги сакаме Кипраните. Тие се многу ефикасни, интелигентни, вредни и образовани луѓе од двете страни на островот, истакна Јункер.

Мировните преговори почнаа во мај минатата година со посредство на Обединетите нации.

Лидерот на кипарските Грци, Никос Анастасијадес и лидерот на кипарските Турци, Мусатафа Аканчи вчера најавија дека ќе се сретнат со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун на маргините на Светскиот економски форум во Давос следната недела за да го интензивираат мировниот процес.

За обединувањето на Кипар, кој е поделен од 1974 година, мора да бидат решени неколку спорни прашања за поделба на територијата, поделна на овластувањата и имотните права. Постигнатиот договор треба да биде одобрен од граѓаните.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ