Јотова: Софија не му наметнува дополнителни услови на Скопје, договорената рамка е европски документ што мора се почитува

Од:

Бугарија не наметнува дополнителни услови за процесот и преговорите на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европа, изјави бугарската потпретседателката Илијана Јотова на отворањето на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ што се одржа во Софија, пренесува БТА.

Настанот беше организиран од Европскиот либерален форум, партијата АЛДЕ и Атлантскиот клуб на Бугарија. На форумот присуствуваа еврокомесарката за проширување Марта Кос, која е во работна посета на Бугарија, како и владини претставници од Турција, Романија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора. Присутни беа и бугарски пратеници и експерти.

Јотова истакна дека билатералните односи меѓу двете земји не се проблем за неотпочнување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, посочувајќи оти тоа е „теза на политичарите од Република Северна Македонија, како и на некои европски политичари и експерти“.

– Она што Бугарија го сака е да се почитуваат европските критериуми, како што секоја земја која тргна на патот кон вистинско членство во Европската унија ги почитува овие критериуми по цена на многу тешки одлуки и компромиси. И натаму веруваме дека правата на Бугарите во Република Северна Македонија не се заштитени, рече Јотова, истакнувајќи дека во рамката договорена во 2022 година, врз основа на францускиот предлог, нема бугарски барања, туку европски критериуми за членство, од кои главен е заштитата на човековите права. Јотова кажа дека договорената рамка е европски документ што мора да се почитува, имплементира и не може да се додава, брише, менува или да се става „во втор план“.

Според неа, запирањето или замрзнувањето на процесот на проширување на ЕУ ќе донесе уште поголема нестабилност, конфликти и влијание на други непријателски сили во регионот. Смета дека е потребен јасен одговор на прашањето дали ЕУ сака земјите од Западен Балкан, како и Украина, Грузија и Молдавија да имаат блиска и вистинска европска перспектива.

Сепак, таа не се согласува со предлозите прашањата за проширувањето на ЕУ да се решаваат со квалификувано мнозинство од земјите-членки, а не со консензус, истакнувајќи дека има некои држави кои сакаат да го променат европското законодавство и начинот на донесување одлуки.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со над 57 отсто од гласовите на претседателските избори во Бугарија

Вкупно 352 Бугари во Македонија гласаa на изборите за претседател на Бугарија – најмногу за двојката Јотова и Влчев

Горан Наумовски

Бугарија избира претседател: Јотова со предност во анкетите

Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија

А1он