Јосиповиќ: Врме е Хрватска да стане „мала сила“

Од:

Време е Хрватска после влегувањето во Европската унија на 1 јули, наместо „мала држава“ да стане „мала сила“ која ќе знае да ги артикулира своите интереси и цели, изјави во Сплит хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Претседателот е уверен дека во новата фаза од надворешната политика на државата и се отвораат нови можности.

– Како европска држава имаме и нови средства, и одиме кон тоа Хрватска да престане да биде мала држава, и станува мала сила, потенцира Јосиповиќ за време на предавање  Надворешната политика на Хрватска.

Според него, надворешната политика на Хрватска од 1990 година имала карактеристики на „мала држава“, а главна цел на такви држави е да водат „политика на молчење“ за да не стекнат непријатели.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка