Јосиповиќ: Во интерес на сите е регионот да биде дел од ЕУ

Од:

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави дека во интерес на сите е цела Југоисточна Европа да биде дел од ЕУ и Србија што побрзо го помине патот што Хрватска веќе го поминала.

– Хрватска ќе се залага за политика на проширување на Унијата, а подготвена е да обезбеди техничка поддршка на Србија и на останатите земји од регионот, рече Јосиповиќ.

Тој повтори дека меѓусебното повлекување тужби за геноцид на Србија и Хрватска ќе зависи од владите на двете земји, како и дека проблемите кои биле повод за тужби би требало да се решат надвор од судот.

Говорејќи за судењето за воени злосторства во Хрватска, Јосиповиќ рече дека хрватските судови сега имаат исти критериуми за сите, но дека некогаш тоа правосудство било пристрасно.

– Имавме две фази – за време на војната и подоцна. Нашето правосудство беше пристрасно, бидејќи лесно се покренуваа постапки против српски формации, а имало и претпазливост во случајот на постапките против хрватските единици, рече Јосиповиќ.

Тој додаде дека сега работите се промениле и оти судовите водат постапка против припадниците на хрватската војска и полицијата, како и тоа оти не постои никакво политичко влијание врз судските постапки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски