Хрватскиот претседател Иво Јосиповќ, вели дека ќе дојде време за разговор со српскиот претседател Томислав Николиќ, кога тој ќе покаже дека не е оној ист политичар од 1990-те.
„Многу пати велев дека неговите изјави беа непримерни, посебно за Вуковар и Сребреница, но верувам дека ќе се смени“, изјави Јосиповиќ.
Јосиповиќ рече дека без решавање на проблемите врзани за изјавите на Николиќ, состанокот не би имал смисла и никој не би верувал во него.