Јосиповиќ: Случајот ИНА е велепредавство

Од:

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ денека изјави, откако пресудата за поранешниот премиер Иво Санадер во случајот Ина стана правосилна, дека „целата приказна може да се оквалификува како – велепредавство“.

Санадер беше обвинет дека примил мито од 10 милиони евра за да може унгарски МОЛ да има поголеми управувачки права во Ина.

– Се работи за велепредавство бидејќи националните интереси се занемарени и продадени, и тоа не можеше да мине без судска пресуда, нагласи Јосиповиќ. Додаде дека поддржува хрватската Влада со преговори да се реши прашањето за односите меѓу Ина и МОЛ и да се санираат последиците од незаконското работење.

Врховниот суд вчера донесе правосилна пресуда против Санадер заради воено профитерство во случајот Хипо и примање мито од унгарски МОЛ, со намалување на затворската казна од 10 на 8,5 години. Оваа недела загрепскиот Жупаниски суд потврди обвинение и против претседателот на управата на МОЛ, Золтан Хернади кој се товари дека го подмитил Санадер за да добијат мнозински права во Ина. Нему ќе му се суди во отсуство.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб