Собранието на Србија денеска ја избра Јоргованка Табаковиќ за нов гувернер на Народната банка на Србија.
„За“ Табаковиќ гласаа 131 пратеник, додека „против“ се изјаснија 34, а еден од 166 присутни пратеници не гласаше.
Опозицијата изрази резервираност за независноста на Табаковиќ бидејќи до нејзиниот избор за гувернер беше висок функционер на Српската напредна партија (СНС).