Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу се очекува да објави формирање нова политичка партија, објави денеска телевизијат Скај која се повикува на парламентарни извори.
Во изминатите неколку недели очигледно беше неговото дистанцирање од ПАСОК основана од неговиот татко Андреас папандреу во 1974 година.
Тврдењата се дека тој сега ќе формира своја политичка партија составена од негови блиски политички сојузници. Телевизијата тврди дека Папандреу ветил поддршка за кандидатот за претседател на државата од владејачката Нова демократија и ПАСОК, Ставрос Димас.
Најверојатно новата политичка формација ќе ја објави на 30 декември кога ќе биде јасно дали парламентот избрал нов претсеедател или Грција ќе оди на предвремени избори во крајот на јануари или почетокот на февруари.