Јорг Асмусен ја исклучи можноста за автоматско предоговарање на долгот за Грција

Од:

Автоматското предоговарање, познато како роловер (rollover) на долгот не е варијанта за покривање на недостигот од шест милијарди евра за Грција, според спасувачката програма која во моментов е во сила, изјави Јорг Асмусен, член на Управниот одбор на Европската централна банка, јави ДПА.

– Треба да пронајдам начин да ја затворам таа дупка во финансирањето и нема апсолутно никаков начин тоа да биде направено преку автоматско предоговарање со обврзници или со друг инструмент, кое би довело до парично финансирање. Тоа не е можно за ЕЦБ и целата еврозона – рече Асмусен во Луксембург.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит