Еврокомесарот за соседска политика и проширувње, Јоханес Хан, кој од вчера попладне престојува во двондевна посета на Тирана, оцени дека политичката клима во земјата е тензична, јави дописникот на МИА.
– Политичката клима е тензична и се надевам дека сите ќе се ангажираат за надминување на тензиите, бидејќи во чекорењето на земјата кон ЕУ значајно е постоење на една позитивна клима, изјави Хан.
По пристигнувањето во Тирана, Хан синоќа придружуван од министрката за евроинтеграциоја Кладја Ѓоша, наравил обиколка на градот и ги посети на Националниот музеј и џамијата „Етхем Бег“, по што, како што објавија албенските медиуми, искажал воодушевување од позитивната урбана промена на градот.
Во текот на денов Хан ќе има средби со албанскиот претседател Бујар Нишани, првиот човек на Парламентот, Илир Мета, со премиерот Еди Рама и лидерот на најголемата опизицска политичка сила, Демократската партија и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша. Предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата и граѓанскиот сектор.
Тој заедно со премиерот Рама ќе го предводат дијалогот на високо ниво околу петте приоритети за членство на Албанија во ЕУ.
Инаку, амбасадорката на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин, гостувајќи во емисија во тиранската телевизија „Ора њуз“, им порача на албанските политичари дека „никој не може да и наштети на Албанија повеќе од самите Албанци“.