Јеремиќ: Трeба да го блокираме патот на партократијата

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ, кој во моментов е претседавач со Генералното собрание на ОН, денеска во Уставниот суд на Србија поднесе барање за оценка на законитоста на одлуката на Демократската партија, која побара од поранешните министри од оваа партија да ги вратат своите пратенички мандати, пренесе Танјуг.

Главниот одбор на Демократската партија на 14 февруари го исклучи Јеремиќ од партијата заради неговото одбивање да го врати пратеничкиот мандат.

-Според мое длабоко убедување оваа одлука е прекршување на Уставот на оваа држава и обид за создавање партократија, изјави Јеремиќ пред зградата на Уставниот суд.

Тој потсети дека народните претставници ги добиле своите мандати од граѓаните и никој нема право да бара од нив да ги вратат.

Јеремиќ изјави дека доколку судот ја признае законитоста на одлуката на Демократската партија, тој ќе поднесе оставка и неговиот пратенички мандат автоматски ќе му биде префрлен на лидерот на партијата Драган Ѓилас.

-Ако, меѓутоа, се утврди дека Ѓилас го натерал Главниот одбор да го донесе оваа антиуставна одлука и на тој начин и нанел неимерлива штета на авторитетот на Демократската партија, тогаш очекувам од него да поднесе оставка од сите свои јавни функции, рече Јеремиќ, кој одби да одговара на прашањата на новинарите.

Демократската партија денеска издаде соопштение во кое наведува дека за неа прашањето за Вук Јеремиќ е завршено, откако тој се „приклучил кон оние кои не го сакаат обновувањето на Демократската партија“ по губењето на изборите минатата година.

Во соопштението се истакнува дека Јеремиќ е исклучен од партијата не од Ѓилас, туку од Главниот одбор, и тоа со 43 гласа „за“ и еден „против“, а одлуката дека партијата не може да биде претставувана во парламентот од поранешни министри од претходната неуспешна влада, била донесена со 250 гласа „за“ и 21 „против“ или „воздържани“.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Ќе има постапки за сите „недопирливи“ чии имиња не смеело да се споменат досега

Катерина Ѓуровски

Одреден притвор за тројцата инженери од Крушик заради шпионажа за фирма од Македонија

Катерина Ѓуровски

Почнува пробното производство на српската „панда“

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Ликвидиран е Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уапсен е маж осомничен дека е вмешан во убиството на полицаецот во Лозница

Горан Наумовски