Јанша со поддршка за членството на Украина во ЕУ

Од:

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша денеска изрази целосна поддршка за забрзана процедура за членство на Украина во Европска Унија за Украина.

– Ја имате нашата целосна поддршка, напиша на Твитер Јанша, кој заедно со полскиот премиер Матеуш Моравјецки минатата недела го повикаа Европскиот совет да преземе „брзи и храбри одлуки“ за прием на Украина во ЕУ.

И чешкиот премиер Петр Фиала истакна дека е неопходно да и се даде на Украина јасен сигнал дека е добредојдена во европската заедница на демократски земји.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара итен прием на неговата земја во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Лавров: Смртоносниот напад врз станбена зграда во Киев не бил целосно насочен кон „цивилна“ цел.

Катерина Ѓуровски

Руската елита ги заобиколува санкциите со купување „златни пасоши“ од Малта

Орбан: Европа ја фаќа психоза, Украина нема шанси против Русија

ВИДЕО: Откриен дел од разговорот меѓу Трамп и Зеленски на средбата во Ватикан

Москва призна: Севернокорејците ни помогнаа да го ослободиме Курск

Путин проговори: Киев доживеа целосен колапс, се ближиме кон крајот