Јанша: Словенија нема пари за старите штедачи на „Љубљанска банка“

Од:

Претседателот на словенечката влада Јанез Јанша изјави дека државата не може да им ги врати парите на поранешните штедачи на „Љубљанска банка“ (ЛБ) и ја најави можноста за жалба на пресудата на Европскиот суд за човекови права за одговорноста на Словенија за старата девизна заштеда на штедачите на ЛБ надвор од Словенија.

-Ја проучуваме пресудата на Европскиот суд за човекови права и кога ќе донесеме правна проценка ќе биде појасно дали Словенија ќе вложи жалба, односно на кој начин тоа ќе го стори, рече премиерот Јанша вчера во Марибор.

Јанша изрази уверување дека пресудата, со која Словенија се прогласува за одговорна за исплатата на девизните заштеди на штедачите од БиХ, ќе биде променета во жалбената постапка која, според неговото мислење, може да биде преседан и за останатите слични случаи, пренесува хрватската агенција Хина.

-Не е можно од некого да се бара да врати нешто што не добил, рече Јанша.

Пресудата, која судот во Стразбур ја соопшти во вторникот, правосилна ќе стане доколку на неа во следните три месеци не биде вложена жалба од една од странките во спорот.

Жалбата на Словенија уште во вторникот ја најави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, укажувајќи дека оваа пресуда не се однесува на преговорите за штедењето во ЛБ Загреб, која веќе е пренесена во хрватски јавен долг, за што компромисниот предлог го бараат експертите за овие прашања на двете држави, Здравко Рогиќ и Франце Архар.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски