Јанша: Синдикатите ја саботираат иднината на Словенија

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ги обвини синдикатите во јавниот сектор, дека ја саботираат иднината на Словенија со започнувањето постапка за референдум за прифаќање на буџетот за 2013 година.

Иницијативата за референдум е саботажа, што може да нанесе штета на развојот и на животот, како на сегашните, така и на идните генерации, изјави премиерот пред словенечки новинари во рамките на самитот на ЕУ во Брисел.

Синдикатите во средата поднесоа петиција со 2.500 потписи до Парламентот. Ова е прва фаза од постапката за распишување референдум со цел да се спречи прифаќањето на буџетот за 2013 година, што беше неодамна одобрен од парламентот.

Согласно законот претседателот на Парламентот треба да даде рок од 30 дена на синдикатите, во кој треба да соберат 40.000 потписи, неопходни за организирање на референдум.

Доколку референдумот биде спроведен и гласачите го отфрлат законот, тогаш Парламентот нема да може да гласа по тоа прашање во следните 12 месеци.

– Ова може да прерасне во проблем за целата еврозона, изјави Јанша, истакнувајќи дека ако буџетот не може да биде прифатен, државата нема да може да финансира никаков европски проект или инвестиција. Економската состојба дополнително ќе се влоши, што ќе ја принуди Словенија да побара европска финансиска помош.

Синдикатите се противат на една од мерките во буџетот за 2013 година со која се предвидува намалување од пет проценти на трошоците за државните службеници. Синдикатите најавија штрајк на 23 јануари, против владините мерки за штедење.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски