Јанша доби поддршка од неговата партија

Од:

Советот на Словенечката демократска партија вечерва изгласа доверба за претседателот на партијата и премиер Јанез Јанша.

Антикорупциската комисија го обвини премиерот Јанша дека не го пријавил сиот свој имот како што налага законот.

За доверба на претседателот на партијата во тајно гласање биле 98,6 отсто од 281 членови на Советот, а четворица се воздржале од гласање.

Советот на Словенечката демократска партија заклучи дека партијата нема да оди во техничка влада, што беше една од можностите за решавање на политичката криза.

Својот претседател го поддржа и советот на партијата Позитивна Словенија, Зоран Јанковиќ, кого антикорупциската комисија исто така го обвини за непријавен имот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг