Јанша: Членството во ЕУ би решило многу проблеми во Западен Балкан

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша го поддржа проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, оценувајќи дека членството во Унијата ќе реши многу проблеми во тој регион, вклучувајќи го и прашањето за границите и мешањето од странски фактори.

– Проширувањето на ЕУ е од заеднички интерес, тоа треба да биде наш стратешки одговор на бројни предизвици, изјави Јанша на виртуелната заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

По вчерашната средба со лидерите на Европскиот парламент на која тој ги презентираше приоритетите на словенечкото претседателство со ЕУ од 1 јули преку видео врска, Јанша сугерираше дека пристапувањето на целиот Западен Балкан во ЕУ може да помогне во решавањето на проблемите како што се миграцијата и малигното мешање од страна на Русија, Турција и Кина, објави бриселскиот портал Политико.

– Ако ме прашате, како можеме да го решиме проблемот во врска со нашите граници, јас би ви одговорил – имајќи европска перспектива … Ако им дозволиме на одредени земји да станат членки на ЕУ сите заедно, откако ќе ја добијат ЕУ-перспективата и ќе станат членки, проблемите ќе исчезнат, нагласи тој.

Јанша, исто така, најави дека за време на претседателството на Словенија на 6 октомври ќе се одржи неформален самит на земјите од ЕУ и лидерите на Западен Балкан, на кој ќе се направи обид да се придвижи прашањето од ќорсокак.

Како што јавија словенечките и хрватските медиуми, Јанша нагласи дека Словенија го поддржува влезот на Хрватска, како и Бугарија и Романија во Шенген зоната, бидејќи, како што оцени, тоа се потези кои ја зајакнуваат безбедноста во Европа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан