Словенечкиот парламент денеска за нов претседател го изгласа Јанко Вебер од Социјалните демократи (СД), наместо Грегор Вирант, кој поднесе оставка откако неговата Граѓанска листа (ГЛ) излезе од Владата на Јанез Јанша.
„За“ Вебер гласале 52 пратеници, а 34 се изјасниле „против“. Словенечките пратеници вечер ќе гласаат за предлогот за мандатар на влада да се именува Аленка Братушек од Позитивна Словенија (ПС), со што би било изгласана недоверба на премиерот Јанша и неговата влада.
Доколку Братушек биде избрана, за што се потребни 46 гласови (од вкупно 90) таа ќе се обиде да формиа влада во која покрај нејзината партија би биле и СД и двете партии кои ја напуштија владата на Јанша – Демократската партија на пензионерите (ДЕСУС) и ГЛ.