Јанис Стурнарас : Грција е соочена со критична година

Од:

Грција е соочена со критична година, во која опстанокот на земјата ќе зависи од зачувувањето на владејачката тристрана коалиција и исполнувањето на програмата за финансиска помош, договорена со Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас во интервју за весникот „Фајненшл тајмс“.

– Ќе ја преживееме следната година, доколку ја исполниме програмата, договорена со ЕУ и ММФ. Неуспехот би настапил, доколку политичкиот систем потклекне и констатира дека ситуацијата е премногу тешка, за да може да се справи со неа, истакна тој.

Според грчкиот министер досега стореното било неопходно, но е и доволно за постигнување трајно решение за Грција.

Стурнарас истакна дека за Грција 2013. ќе биде шестата година на рецесија со прогнози за намалување на Бруто домашниот производ за четири отсто. – Но кон крајот на следната година ќе почнеме да ја гледаме светлината на крајот на тунелот, нагласи Стурнарас.

– Одлуката на нашите партнери да ни дадат толку многу пари, повеќе отколку што очекувавме го намалува ризикот, но и покрај тоа се уште сме соочени со опасноста од банкрот, нагласи грчкиот министер за финансии.

Владата на Грција доби силен стимул со спогодбата, која беше постигната минатата недела со земјите од еврозоната за добивање на одамна очекуваната финансиска помош во износ од околу 50 милијарди евра. Тие средства гарантираат опстанок на Грција како членка на ЕУ, по долги месеци на сомневања и политички тензии.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција