Јакуп Красниќи и Фатмир Лимај ја формираат Демокрастската преродба на Косово

Од:

Актуелниот претседател на косовскиот Парламент, Јакуп Красниќи деновиве ќе објави формирање нова политичка партија, јави дописникот на МИА.

Партијата, која  ќе го носи името Демократска преродба на Косово, потоа ќе формира и парламентарна група од пратеници од Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи.

Како што пренесуваат косовските медиуми, во партијата на Красниќи со сигурност ќе преминат Фатмир Лимај, Хидајет Хисени, Флора Бровина, Јустина Пула-Широка, Мухамед Мустафа и Емин Гербеши, а се шпекулира и со имињата на пратениците Нијази Идризи, Наит Хасани, Џевахире Измаку и Азем Сула.

Гласини за раскол во редовите на Демократска партија на Косово има од поодамна.

Медиумите јавуваа за „заладување на односите“ меѓу Красниќи и неговиот партиски лидер Хашим Тачи, а имаше и честа најава за формирање нов политички субјект од негова страна.

Одлагањето на формирањето на партијата, според медиумите, било поради судскиот процес „Клечка“ во кој меѓу обвинетите беше и Лимај. По ослободувањето на Лимај од обвинението, Красниќи одлучил и официјално да ја заврши започната работа околу формирањето нова партија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска