Јахјага во кампања за спречување на економската миграција

Од:

Претседателката на Косово, Атифете Јахјага денеска почна кампања за спречување на економската миграција со посета на Вучитрн, општина каде е забележан најмасовен одлив на населението.

Јахјага придружена од градоначалникот на Вучитрн, Бајрам Мулака, разговараше со жителите на Општината, кои се огорчени поради економската ситуација во Косово и кои бараат отворање на работни места и подобра перспектива како услов за останување.

– Идната недеа се навршуваат седум години откако Косово стана независно. Јас сум со вас, а вашата огорченоста и загриженост се и моја загриженост. Вие не треба да бегате туку да останете со нас, бидејќи најлесно е да се побегне и да се сврти грб на Косово. Потешко е да се остане овде, но заедно треба да најдеме решение, посочи Јахјага.

Од Вучитрн во западните држави до минатиот вторник мигрирале 406 лица.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска