Јахјага и Николиќ на 6-ти февруари ќе се сретнат во Брисел

Од:

Косовската претседателка Атифете Јахјага и нејзиниот српски колега Томислав Николиќ ќе се сртенат на 6-ти февруари во Брисел.

Овој датум за порталот Индексонлајн го потврдиja дипломатски извори во Приштина, кои се во тек со подготовките за средбата.

Според западен дипломат двајцата претседатели ќе се сретнат во Брисел. На средбата ќе присуствува и високиот претставник на ЕУ за надврошена политика, Кетрин Ештон, се наведува во веста на Индексонлајн.

Од кабинетот на Јахјага ни ја деманираат, ни ја потврдуваат веста.

Претходно Рамуш Тахири, советник на Јахјага потврди дека ќе има средба на двајцата претседатели и оти денот е одреден, но, како што изјави, може да има промени во датумот поради обврските на меѓународните претставници. Според него тема на разговорот ќе биде дијалогот Белград-Приштина и нови прашања нема да биде отворени.

Дека ќе има средба потврдија и од кабинетот на претседателот Николиќ, но датумот не се прецизира.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор