ОН ја повикаа Турција да ја укине вонредната состојба

Од:

Обединетите нации денеска ја повикаа Турција да ја укине вонредната состојба во земјата, воведена по неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.

Канцеларијата на ОН за човекови права оценува дека вонредната состојба довела до масовно кршење на човековите права, вклучувајќи и апсење на 160.000 луѓе и речиси исто толку државни службеници.

– Турција треба веднаш да ја укине вонредната состојба и да го врати нормалното функционирање на институциите и владеењето на правото, се наведува во соопштението.

Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Раад Ал Хусеин оценува дека бројот на уапсени или киднапирани луѓе во Турција е „едноставно запрепастувачки“.

Во текот на изминатите 18 месеци речиси 160.000 лица се уапсени, а 152.000 државни службеници се отпуштени од работа, „многумина целосно произволно“, се вели во соопштението.

Канцеларијата оценува дека масовните отпуштања на наставниците и претставниците на академските кругови обвинети дека се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Гулен, „сериозно влијаеја врз образовниот сектор и соодветното право на образование“.

Според податоците, во Турција биле уапсени 570 адвокати, а 1.719 институции и 166 медиуми биле затворени.

По соопштението на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права, реагираше Турција која оцени дека изнесените тврдења се неосновани.

– Извештајот содржи неосновани тврдења во согласност со пропагандните напори на терористичките организации, се наведува во изјавата на турското Министерство за надворешни работи.

Инаку, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган прогласи вонредна состојба по неуспешниот обид од воен удар во јули 2016 година, која потоа во неколку наврати беше продолжувана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски