Израелските сили продолжуваат со нападите и рациите североисточно од Рамала

Од:

Израелските сили денес, трет ден по ред, продолжуваат со нападите и рациите врз селото Ал-Мугаир североисточно од Рамала во окупираниот Западен Брег, објавија арапските медиуми.

Заменик-претседателот на селскиот совет на Ал-Мугаир, Марзук Абу Наим, изјави за палестинската новинска агенција Вафа дека израелските сили извршиле рации во повеќе од 30 домови од утрово, со закани и провокации, објави Ал Џезира.

Израелските војници уништиле возила на жителите, а според Абу Наим, израелските булдожери продолжиле да го расчистуваат патот од областа Ал-Рафид до Каласун, целосно уништувајќи ги маслиновите насади.

Тој додаде дека израелските сили во четвртокот почнале со булдожерирање на источната рамнина Ал-Мугаир, претежно под маслинови насади.

Би можело да ве интересира

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Израел e во состојба на висока готовност поради можен напад на САД врз Иран

ВИДЕО: Иран во пламен: Повеќе од 50 мртви, Револуционерната гарда се заканува со „крвава одмазда“

Предраг Петровиќ

Нетанјаху: Добивме зелено светло да го нападнеме Либан

Лариџани: САД и Израел поттикнуваaт протести во Иран

Ал-Хути: Секое израелско присуство во Сомалиленд или во Сомалија ќе биде легитимна воена цел

Горан Наумовски