Измамa во Црна Гора: Жена подигнала 1,3 милиони евра од туѓа банкарска сметка

Од:

Полицијата во Црна Гора трага по жена која на 12 април, користејќи фалсификувани документи на клиент на Ловќен банка, подигнала 1,3 милиони евра од нејзината сметка.

„Вијести“ пишува дека банкарската институција ја известила полицијата еден ден подоцна, кога М.О. од Будва рекла дека не дошла во банка и не барала да и се исплатат парите што ги чувала таму.

Tогаш било констатирано дека банката и дала пари на жена која ја фалсификувала личната карта на М.О. од Будва.

Како што пишува Вијести, измамничката на 11 април најавила дека ќе ги повлече своите заштеди од филијалата на банката Ловќен во Херцег Нови. Со оглед на тоа дека се работи за голема сума, измамничката и кажала на банката кога ќе дојде.

Еден ден подоцна влегла во банката со ранец, ги зела парите и си заминала. Измамата била откриена кога досиејата биле испратени во седиштето на банката во Подгорица. Ја контактирале клиентката, која им кажала дека не дошла во Црна Гора повеќе од една година.

„По наредба на обвинителот се преземаат мерки и дејствија за откривање на непознатото лице кое ја извршило измамата. Земени се снимките од надзорните камери на кои јасно е забележан сторителот“, неофицијално дознава „Вијести“ од полициски извори. Според истиот неофицијален извор, во банката се води внатрешна истрага.

Ловќен банка соопшти дека непознато лице извршило измама врз нивниот клиент користејќи фалсификувани документи. Тие рекоа и дека ги известиле надлежните за настанот и дека максимално ќе придонесат за откривање на виновниците.

„Преземени се сите мерки за целосна заштита на повредениот клиент, со напомена дека се работи за изолиран случај кој е покриен со полиса за осигурување и кој не може да влијае на редовното функционирање на банката“, соопшти Ловќен банка.

Би можело да ве интересира

Измама во Куманово: Жена остана без 2.000 евра

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Измамник од скопјанка зел речиси 5.000 евра

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Вработен во Здравствениот дом во Кратово бил во странство, но сепак добил плата

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски