Изложба на вампири во Бугарија

Од:

Бугарскиот историски музеј следната недела планира да ги постави изложба од „вампирите” од средниот век, кој беа пронајдени минатата недела.

Археолозите ископаа два скелети во близина на црноморскиот град на Созопол закопани по паганскиот рируал, забиен им е колец во градите со цел покојните да не се престорат во вампири.

„Тоа паганско верување се применувало во Бугарија во текот на 12-14 век. Луѓето тогаш биле многу суеверни“, рече Божидар Димитров од историскиот музеј во Бугарија.

Тој рече дека досега се пронајдени 100 вакви гробови.

Пронајденото го објасни со фактот дека луѓето тогаш мислеле ако некој се однесува лошо во текот на животот, би можел да стане вампир по смртта. За да се спречи оваа опасност, пред да ги закопаат покојните, ги боделе со железен или дрвен колец во градите.

Овие наоди ги предизвикаа интересите на „вампирските“ ентузијасти од целиот свет, и тие наскоро ќе можат и лично да ги погледнат во Бугарија.

 

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Девојка со нож избоде тројца мажи во Софија, еден од ранетите се бори за живот

Мицкоски: Се што ветивме на изборите многу внимателно го исполнуваме

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија